Трамп ја сака Британија, но нема да плати за обезбедувањето на Хари и на Меган

421

Безбедносните аранжмани на принцот Хари и Меган Маркл ќе бидат приватно финансирани, откако американскиот претседател Доналд Трамп објави на Твитер дека Америка нема да ги финансира трошоците за нивното обезбедување, пишува британски „Експрес“.

Официјалната портпаролка на Меган и Хари изјави дека тие не планираат да побараат средства од американската влада откако ќе се преселат во Лос Анџелес, по неколкумесечна расправа за прашањето кој би плаќал за нивната безбедност кога ќе станат финансиски независни.

Портпаролката зборуваше за нивните планови, откако американскиот претседател Трамп вчера објави на Твитер дека е „голем пријател и обожавател на кралицата и Велика Британија“, но одбива да плати за нивната заштита. Трамп додал „беше објавено дека Хари и Меган, кои ја напуштија Велика Британија, ќе престојуваат постојано во Канада. Сега ја напуштија Канада за САД, но САД нема да платат за нивната безбедносна заштита. Тие сами мораат да платат!“.