Традиционален Петровденски мото – караван денес во Кичево

119
Фото: Зоран Антоски

Одбележувањето на заштитникот на градот и празнувањето на денот на храмот „Свети Апостоли Петар и Павле“, 12 јули, во Кичево ќе биде збогатено и со традиционалниот Петровденски мото – караван, на кој од година во година учествуваат се поголем број возачи од градот, од сите возрасти и на голем број марки мотоцикли, а потврда за интересот на овој караван е бројката од над 150 учесници на истиот минатата година.

-Традиционално заштитникот на Кичево, Петровден, и денот на црковниот храм „Светите Апостоли Петар и Павле“ ќе го одбележиме и со традиционалниот Петровденски мото- караван. Петровденскиот караван својот пат ќе го започне од под јарболот со знамето на Република Македонија кај железничката станица, по што учесниците во параден стил ќе поминат по главните улици во градот, а својот пат ќе го завршат пред храмот „Свети Петар и Павле“ каде ќе запалат свеќи и ќе се помолат за здравје. Попладневното дружење на мотоциклистите учесници на овој караван, ќе заврши во некој од Кичевските локали на заедничко кафе и договор за наредните години. Популарноста на овој караван од година во година е се поголема и како потврда за тоа е бројката од 150 учесници изминатиот Петровден-истакна Владо Личоски, еден од основачите на оваа манифестација.

З.А.