Том Џонс и во 80-та не планира да се откаже од музиката

96

Иако влезе во деветтата деценија од животот, славниот британски пејач Том Џонс (80) нема намера да престане да се занимава со музика. Тој деновиве ја претстави својата нова песна наречена „Talking Reality Television Blues“, што на некој начин е критика на денешното општество.
Во неа тој пее, поточно рецитира, дека реалните шоу-програми ги убија реалните ѕвезди, алудирајќи на хитот на групата „Баглс“, „Video killed the radio star“ од 1979 година.
За песната е снимен интересен спот, своевидна ретроспектива на најважните случувања во 20 век. Она за што обожавателите се согласуваат е дека Том Џонс зачекори во друг музички стил, кој не е специфичен за него, пренесува „Хедлајнер“.
„Можеби грешам, но ми се чини дека некој е обожавател на ’Радиохед‘“, „Том Џонс не се плаши да влезе во кој било музички жанр“, „Ми се допаѓа“…, се само некои од коментарите на социјалните мрежи поврзани со новата песна на рударот од Велс, како што уште го нарекуваат Том Џонс.