Том Хенкс: Ако не носите маска, нема да ве почитувам

135

Актерот Том Хенкс (63) нема голема почит кон оние што не носат маски деновиве и не се придржуваат кон епидемиолошките мерки во борбата против коронавирусот.

Славниот актер и неговата сопруга Рита Вилсон на почетокот на март објавија дека се позитивни на коронавирусот, кој во тоа време штотуку почна да одзема животи во целиот свет и беа меѓу првите заразени јавни личности. Тие се лекуваа од корона во карантин во Австралија, каде што се заразиле за време на снимање филм по што се вратиле во својот дом.

Оскаровецот во интервју за „Ројтерс“ откри дека е тажен поради новата состојба и фактот што луѓето не се грижат за своето здравје и за здравјето на своите најблиски.

– Секој може да направи три мали работи – ако сака. Носете маски, мијте ги рацете и држете растојание. Ако не можете да го сторите тоа, нема да имам многу почит кон вас – рече актерот апелирајќи до сите луѓе во светот.

Хенкс ги спореди овие мерки на претпазливост со возењето автомобил и возачите.

– Ако возите автомобил, мора да ги користите сообраќајните сигнали за да не возите премногу бргу и да внимавате на пешаците – истакна тој.