Том Круз не смее да излезе од хотел во Италија поради коронавирус

439

Холивудскиот актер Том Круз е заробен во хотел во Италија поради коронавирусот, пренесуваат светските медиуми.

Круз не смее да излезе од хотелот до 1 март, се додека продуцентите не решат што да прават понатаму со снимањето на седмото продолжение на „Невоможна мисија“.

Актерот пристигна во Италија пред неколку дена, а сега „заглави“ во хотелот „Грити палас“, а снимањето на филмот се одложи се додека не се види расплетот на ситуацијата со коронавирусот. Ноќевањето во луксузниот хотел во Венеција каде што моментално е Круз, чини 640 евра.