Тинејџер открил нова планета додека стажирал во НАСА

120

Седумнаесетгодишниот Волк Кукиер откри планета 6,9 пати поголема од Земјата и е 13-та од ваков вид.

Тинејџерот-практикант уште третиот ден помагајќи во програмата на Американската вселенска агенција (НАСА) за пронаоѓање светови надвор од нашиот Сончев систем, открил претходно непозната планета со две свезди, 1.300 светлосни години оддалечена од Земјата во созвездието Пиктор, објави агенцијата.

Волк Кукиер од Скарсајл, Њујорк, ја открил планетата додека го проверувал сателитот ТЕС пуштен минатата година. Тој имал задача да проучи како две ѕвезди создаваат затемнување кога ќе си ги преминат патеките. Тој бил фокусиран на Сончевиот систем ТОИ 1338, кога забележал во орбитата две ѕвезди што ја блокираат светлината.

Неговите шефови минале неколку недели потврдувајќи го неговото набудување и на крајот заклучиле дека Кукиер открил планета 6,9 пати поголема од Земјата и 13-та планета од ваков вид досега откриена.

– Гледав низ податоците за сè што волонтерите го означија како бинарно затемнување, систем каде што две свезди кружат околу себе и од наше гледиште ја затемнуваат секоја друга орбита – изјавил Кукиер, според соопштението на НАСА.