Тешко дека постои полуд филм од „Железно небо 2“

162

Приказната на филмот „Железно небо 2“ е уште полуда од онаа на неговиот претходник, „Железно небо“ на финскиот режисер Тим Вуоренсола, кој се занимаваше со 1945 година кога непоразените нацисти се истовараат на Месечината.
Продолжението се одвива во 2047 година на Месечината, каде што човештвото побегнало откако нуклеарните војни ја направиле Земјата невозможна за живеење.
Таму дознаваат, всушност, дека Земјата е шуплива и дека во нејзиното средиште се крие гралот неопходен за ставање во погон на вселенските бродови. Култниот актер Удо Киер овој пат настапува во двојна улога, го игра Адолф Хитлер, кој јава на тираносаурус, и папата Урбан Втори, кој тоне во бездна.

„Железно небо 2“ се создаваше цели седум години затоа што финската кинематографија нема баш многу искуство во снимањето научнофантастични филмови.
Филмот на Вуоренсола живее помеѓу дилетантизам и бласфемија, а шансите да успее кај публиката се многу мали. Но тоа не значи дека не содржи некои интересни елементи.