„Самсунг“ ќе ги претстави новите телефони „галакси“

Според последните информации, компанијата „Самсунг“ на 8 февруари ќе го одржи својот традиционален настан „Анпакед“, каде што ќе ја претстави новата серија на мобилни телефони „галакси С22“.
Јужнокорејскиот „Диџитал дејли“ пишува дека „Самсунг“ ќе испрати покани за настанот на крајот на јануари, a новите уреди ќе ги претстави на 8 февруари, додека нарачките и продажбата ќе започнат на 9, односно 24 февруари.
Се верува дека „Самсунг“ ќе претстави три нови мобилни телефони, и тоа „галакси С22“, „галакси С22 плус“ и „галакси С22 ултра“. Според информациите во медиумите, сите три телефони ќе имаат екрани со висока осветленост, додека „галакси С22 ултра“ ќе има камера со т.н. технологија на супер клиар ленс.
Уредите ќе се напојуваат со процесорот Снепдрагон 8 ген 1 на „Квалком“, кој наводно ќе го произведува „Самсунг“, а за европските пазари ќе биде процесорот Ексинос 2200 на „Самсунг“. Досега се појавија голем број фотографии од претстојните уреди.
Официјалната потврда за датумот на настанот „Анпакед“ сè уште не е пристигната, но „Самсунг“ воведува нови уреди во приближно исто време секоја година.