Техно

48

Милиони телефони непродадени поради пандемијата

Испораките на паметни телефони во 2020 година се намалени за една петтина. Кинеската влада откри дека пратките на мобилни телефони во Кина во 2020 година се намалени дури за 76 милиони уреди, што е за околу 20 проценти помалку од претходната година.
Коронавирусот влијаеше на потребите и побарувачката, како и на моменталниот тренд потрошувачите да ги чуваат своите телефони подолго или да ги менуваат подоцна со нови и подобри модели. Ова се податоци од истражувачкиот центар на Кинеската академија за информатички и комуникациски технологии и го покажуваат влијанието на кризата од коронавирусот врз потребите и побарувачката. Во 2019 година, пратките на паметни телефони се намалија за четири проценти во споредба со претходната година. Продавачите на уреди се надеваа дека 2020 година ќе донесе обнова на продажбата, бидејќи потрошувачите купуваа нови телефони, компатибилни со 5Г-мрежите, кои рапидно се шират во Кина. „Хуавеј“, водечката кинеска марка во сегментот на најскапи уреди, го зголеми уделот на пазарот. Продажбата на „Хуавеј“ сепак забави во втората половина на годината, кога стапија во сила трговските ограничувања воведени од Вашингтон врз кинескиот производител, што му отежнува да набавува клучни компоненти.