Техно

35

Серијата ајфон 12 на „Епл“ може да добие и четврти член

Компанијата „Епл“ се подготвува за октомври, кога ќе ја претстави серијата мобилни телефони ајфон 12, а обожавателите ќе ги очекува и изненадување.
Во претходните соопштенија од „Епл“ беше наведено дека серијата ајфон 12 ќе се состои од три модели, ајфон 12, ајфон 12 про и ајфон 12 про макс, а сега се појавија информации дека четвртиот модел што пристигнува би требало да се нарекува ајфон 12 мини.
Ознаката „мини“ не е ништо ново меѓу уредите на „Епл“, затоа што веќе ги видовме ајпад мини, мак мини и некогашниот ајпод мини, но првпат ќе се користи за ајфон. Ако се точни гласините, ајфон 12 мини со 5,4-инчен екран ќе биде помал од ајфон 11 про макс од 2019 година, кој имаше 5,8-инчен екран.
Исто така, се очекува серијата на ајфон 12 да има екран со брзина на освежување од 60 херци, како и новиот А14 бионик чипсет на „Епл“. Станува збор за шестјадрен процесор, кој обезбедува до 40 проценти подобри перформанси во споредба со А12. Четиријадрениот графички процесор би требало да обезбеди до 30 проценти подобри графички перформанси.