Техно

31

„Мајкрософт“ ќе ги претстави новите игри за „Икс-бокс сериес икс“

Компанијата „Мајкрософт“ најави кога ќе бидат претставени новите игри за конзолата „Икс-бокс сериес икс“. Презентацијата на игрите е закажана за 23 јули годинава. Меѓу презентираните игри ќе биде и „Хело инфинит“, пишува порталот „Верџ“. Пред неколку недели беа објавени трејлери со кои се најавуваше оваа игра, а играчите имаат големи очекувања од неа.

Со оглед на тоа што „Мајкрософт“ објави кратка реклама за „Хелблејд 2“ за време на лансирањето на „Икс-бокс сериес икс“ минатата година, многу се очекува и од оваа игра.
Кога станува збор за „Форца“ и за „Гирс оф вор“, се претпоставува дека тие ќе бидат приспособени на помоќниот хардвер на „Икс-бокс сериес икс“. Исто така, можно е обожавателите на мајкрософт-конзолата да уживаат и во „Евервилд“. Покрај тоа, „Мајкрософт“ најави и други иновации за корисниците на нивната конзола.