Техно – „Хуавеи“ со најмногу 5Г-договори во Европа

121

„Хуавеи технолоџи“ ја обезбеди својата позиција како најбаран снабдувач на телекомуникациска опрема на 5Г-мрежата, и покрај силниот притисок на американската влада да ја намали работата на кинескиот технолошки гигант, пренесува „СиБиз“.
Меѓу 91 комерцијален 5Г-договор што досега ги има потпишано „Хуавеи“, повеќе од половина се низ Европа.

Аналитичарите велат дека постојаниот раст на договорите покажува дека компанијата „Хуавеи“ со своите технолошки способности ја стекнала довербата на повеќето странски телекомуникациски оператори, а неоснованите обвинувања на Вашингтон околу безбедноста не успеале да ги убедат дури и некои од најблиските сојузници на САД.

Од „Хуавеи“ велат дека потпишувањето 91 трговски 5Г-договор претставува зголемување од скоро 30 во однос на минатата година и наведуваат дека 47 од 5Г-договорите се од Европа, 27 од Азија и 17 од други региони.
Според „СиБиз“, „Хуавеи“ планира да инвестира 20 милиони американски долари во иновативни 5Г-апликации во текот на следните пет години.