Техно – Контактните леќи може да бидат „екранот“ на иднината

74

Компанијата „Мојо вижн“, со седиште во Калифорнија, се специјализирала за развивање производ за т.н. невидливо пресметување. Тие го развиваат својот производ веќе неколку години и сега решија да ги споделат деталите со светот за „првите паметни контактни леќи“.

Станува збор за истражување што моментно се наоѓа на ниво на првиот прототип, но сите анализи сè уште се прават во виртуелна апликација, на која се покажува како би требало да функционираат леќите.

Идејата што стои зад овој производ е да се намали зависноста од користење на екраните. Денес сето тоа се сведува во гледање на екранот на нашиот телефон, компјутер, ТВ… Таквите паметни контактни леќи ќе можат да му прикажуваат информации само на лицето што ги носи, а активирањето одредени команди ќе се направи со гледање во различни насоки.

Мајк Вејмер, директорот по технологија на компанијата и еден од основачите, изјави дека со оваа иновација сакаат да овозможат дискреција, но и да избегнат луѓето да изгледаат чудно на улица (како кога зборуваат по телефон преку уреди без раце).