Техно – „Гугл“ повторно изработува апликација за допишување

50

Новата платформа за разменување пораки ќе ги обедини сите функции што ги имаат Хенгаутс мит, Хенгаутс чет и Гугл драјв.
Според извештаите што се појавија пред извесно време, се работи за нова апликација, која ќе ја комбинира функционалноста на неколку други. Нејзиниот креатор е повторно компанијата „Гугл“. Новата платформа за испраќање пораки ќе ги обедини сите карактеристики што ги исполнуваат Хенгаутс мит, Хенгаутс чет и Гугл драјв.
Исто така, се очекува да добијат и некои џимејл-функции, така што корисниците при комуникацијата ќе имаат пристап до последната е-пошта што му ја испратиле на лицето со кое комуницираат.

Станува збор за мобилна апликација, така што сè уште не се споменуваат варијанти за интернет или десктоп, што е малку незгодно, бидејќи повеќето деловни корисници претпочитаат да ги изберат овие варијанти.
Доколку оваа услуга биде пласирана, ќе ја обележи и десеттата апликација за разменување пораки од „Гугл“.
Експертите, како и корисниците, се сомневаат дека новата апликација ќе заживее, најмногу поради тоа што „Гугл“ досега не успеа целосно да се посвети на ниту една објавена апликација од ваков вид.