„Тајм“ го објави списокот на 100 највлијателни лица за 2020 година

113

Списанието „Тајм“ го објави својот традиционален список на 100 највлијателни луѓе за оваа година.

По тој повод беа дизајнирани дури осум корици, во кои беа претседателот на Тајван, Цаи Инг-Вен, иницијаторите на движењето „Црните животи се важни“ Патрис Калорс, Опал Томети и Алисија Гарза, имунологот Ентони Фаучи, бизнисменот Сундар Пичаи, медицинската сестра Ејми О Саливан, брачната двојка – актерката Габриела Унион и кошаркарот Двејн Вејд и музичарите „Викенд“ и Меган Ти Сталион.

На списокот на 100-те највлијателни лица, меѓу другите се најде и музичарката Селена Гомез, а од политичарите издвоени се Ангела Меркел, Џо Бајден и Си Џиннпинг.

На веб-страницата на весникот „Тајм“ има и текстови за сите луѓе кои се прогласени за највлијателни.