Тајзи сними спот за песната „Сине“

82

Драган Величковски-Тајзи деновиве го претстави видеозаписот за новата песна „Сине“. За овој проект тој вели дека е круна на неговата десетгодишна кариера. Текстот е на Тајзи, а музиката ја направија заедно со еден од нашите најдобри продуценти, Лазар Цветковски, додека режисер на спотот е Даниел Јовески.
– Спотот е вистинско мало ремек-дело. Ќе ве наежи и ќе ве замисли во каква сурова реалност живееме и каква борба нѐ чека во животот- вели Величковски за видеозаписот за „Сине“.

Видеоприказната е снимена на повеќе локации, во Куклици (Кратово), тврдината Зебрњак, како и во боксерските клубови од Куманово и Скопје. Шминката на Андријана Станковска го трансформира Тајзи во старец, а продукцијата „Балкатон“ од Србија го најави видеото како нешто што дефинитивно ќе ги помести границите, како и дека им е многу мило што имаат ваков талентиран артист во своите редови.