Тајзи го најавува летото со „Гори“

58

„Гори“ е прва од неколкуте песни што ќе ги чуеме оваа година од Тајзи, повторно во соработка со продукцијата „Балкатон“ на Раста. Песната е на македонски јазик и како и секогаш е нешто различно и автентично од нашиот артист Драган Величковски-Тајзи. Последното што го слушнавме од овој тим беше „Пабло“, вистински хит изминатата година, песна што се вртеше по радиостаниците и клубовите низ целиот Балкан.

Песната „Гори“ е снимена во студиото на еден од најдобрите продуценти во Македонија, Лазар Цветковски, кој беше награден со „златна бубамара на популарноста“ за 2018 година, автор на многу хитови на наши артисти како и на балкански музички ѕвезди. Тој е дел и од годинашниот евровизиски тим на Тамара, кој нѐ претставуваше во Израел. Музиката и текстот се на Тајзи, а аранжманот и мастерот на Лазар.

Спотот е во режија на Даниел Јовески, наградуван режисер, кој застанува рамо до рамо со најдобрите режисери во регионот.

– Целиот склоп на луѓе и енергии во проектот дава една убава хармонија и заразен ритам, кој те тера да ја пуштиш повторно. Спотот повторно изгледа како да не е снимен во нашата земја, а во него покрај убавите локации, можеме да видиме неколку преубави Македонки како и жонглерската група од Битола – „Ацид трипл“ – вели Тајзи.

Наскоро од Тајзи може да очекуваме уште една песна на српски јазик „La Bonboniera“, за која ќе се снима спот во Белград, кој ќе го работи Владимир Бјелобаба од продукцијата „Балкатон“.