Тарантино: „Социјалната мрежа“ е најдобриот филм на деценијата

120

Квентин Тарантино ја прогласи драмата „Социјалната мрежа“ на Дејвид Финчер, за создавањето на Фејсбук, за најдобар филм на изминатата деценија. Говорејќи за „Премиер“, режисерот истакна дека филмот, во кој Џеси Ајзенберг го глуми Марк Закерберг, е несомнено неговиот најдобар избор.
– Број еден е затоа што е најдобар, тоа е сè! Ја уништува целата конкуренција – вели Тарантино.
Филмот на Финчер, објавен во 2010 година, беше номиниран за осум „оскари“ и освои три, откако „Говорот на кралот“ му ја „украде“ наградата за најдобар филм.

Тарантино (57) го издвои сценариото на Арон Соркин со голема пофалба, нарекувајќи го „најдобриот активен дијалог“. Режисерот е познат обожавател на Соркин, откако претходно изјави дека ќе ја гледа секоја нова епизода од ХБО-драмата „Новости“ трипати во неделата. Тарантино веќе го постави „Данкирк“, воената драма на Кристофер Нолан од 2017 година, на второто место на најдобри филмови во оваа деценија. Негов врвен избор од филмовите од 2019 година беше „Плен“, малку познат хорор-филм за гадни алигатори.
„Социјалната мрежа“ беше прогласен за 54-от најдобар филм на деценијата од „Гардијан“.