Тарантино во шестата деценија од животот за првпат ќе стане татко

492

Познатиот холивудски режисер Квентин Тарантино (56) и неговата сопруга Даниела Пик (35) го очекуваат своето прво дете, пишуваат американските таблоиди.

-Даниела и Квентин со голема радост можат да потврдат дека го очекуваат своето прво дете – изјави портпаролот на реномираниот режисер за списанието „Пипл“.

Веста дека славната двојка очекува принова дојде девет месеци по венчавката.

Минатиот ноември Квентин и Даниела решија да стапат во брак по деветгодишна врска. Тие организираа интимна еврејска церемонија во Лос Анџелес за семејството, најблиските пријатели и соработниците.