Македонија ќе настапи во првата половина на финалето на Евровизија 2019

3953

Македонија влезе во финалето на Евровизија по шест години пауза. Иако Тамара Тодевска настапи претпоследна, неизвесноста и нетрпението траеа кратко откако името на Македонија беше прочитано прво при објавување на резултатите.

Македонија ќе настапи во првата половина на финалето кое ќе се одржи в сабота во 21 часот.

На прес-конференцијата што се одржа вечерва веднаш по второто полуфинале на Евровизија 2019, Тамара се заблагодари на сите кои гласаа за Македонија и изјави дека е многу горда на својот тим без кој рече дека не можела да успее.