Тамара поради технички пропусти настапи двапати на генералната проба

3251

За „Нова Македонија“ од Тел Авив, Израел, Марија Таушанска

Тукушто заврши првата генерална проба пред утрешното второ полуфинале на „Евровизија 2019“. На сцената на „Експо-центарот“ во Тел Авив ги слушнавме сите 18 учесници.

Поради технички проблеми со светлото, македонската екипа побара Тамара да настапи уште еднаш, што беше прифатено од организаторите. Бидејќи бевме во салата и самите сме сведоци дека имаше проблеми со светлото.

Инаку вечерва во 22 часот е втората генерална проба, кога ќе гласа жирито, кое има удел од 50 спрема 50 со гласовите на публиката.

Фаворити од претставниците на земјите учеснички што настапуваат утре, на второто полуфинале се: Швајцарија, Шведска, Русија, Норвешка, Малта и Азербејџан. Од земјите во нашето опкружување ги слушнавме и претсавниците на Албанија и на Хрватска, кои имаа впечатливи настапи.

Се надеваме дека до утревечер ќе бидат коригирани сите технички проблеми и Тамара ќе блесне во полн сјај на евровизиската сцена.