Тамара на 27 јули во Античкиот театар во Охрид

253

Првиот голем концерт по евровизискиот успех во Тел Авив, Израел, каде што со песната „Proud“ го освои седмото место, најдобар пласман на нашата земја досега на овој престижен фестивал, Тамара Тодевска ќе го одржи кон крајот на месецов во Охрид. Своите најголеми хитови, поп-ѕвездата ќе ги отпее на 27 јули, во Античкиот театар, каде што досега успешни настапи имале голем број домашни и странски познати пејачи. Инаку, на социјалните мрежи, Тамара најави дека наскоро ќе ја промовира новата песна, „Rise“, а во план е и снимање на други нумери, кај нас и во странство.

– Тамара во Охрид ќе настапи со песните што ја одбележаа нејзината кариера, од почетокот па до извонредната „Proud“ што ја отпеа на „Евровизија 2019“ – велат од продукцијата „Авалон“, која е организатор на концертот.

Влезниците ќе бидат пуштени во продажба денеска во 9 часот, онлајн и преку продажната мрежа низ земјава, по цени од 500, 600 и 700 денари.