Сe снима филм за „Секс Пистолс“

78

По филмовите за групите „Квин“ и „Мотли Кру“, најавен е и филм за легендарната „Секс Пистолс“, која заедно со „Рамонс“ и „Клеш“ се смета за највлијателен панк-бенд во Велика Британија.

Британската продуцентска куќа „Старлајт филмс“ работи на филмот веќе 18 месеци, а главен лик во приказната ќе биде покојниот менаџер на бендот Малком Мекларен, како и познатата модна дизајнерка Вивиен Вествуд. Филмот го следи развојот на „Секс Пистолс“ од 1975 до 1978 година.

– Бевме одушевени од бројот на продадени влезници за „Боемска рапсодија“. Тоа само го докажува огромниот интерес на публиката за вакви филмови – истакна режисерката Ајеша Планкет.