Сѐ повеќе Британци купуваат носена облека

55

Според податоците на добротворната организација „Врап“, животниот век на облеката во Велика Британија се проценува на нешто повеќе од две години. Се покажало дека околу 30 милиони парчиња облека висат непотребно во плакарите, но и покрај тоа луѓето сè уште купуваат.

– Секоја недела купуваме околу 38 милиони предмети, а 11 милиони ги фрламе – вели Марија Ченоут, извршна директорка на „Треид“, добротворна организација што работи на тоа да го запре фрлањето облека.

Сепак Ченоут верува дека сѐ поголем број потрошувачи купуваат половна облека, што е доказ за зголемена продажба во продавниците од втора рака. Таа верува дека ова е голем чекор за оние што сакаат да ја заштитат животната средина и да го намалат зголемувањето на потрошувачката и отпадот. Во Велика Британија, облеката има четврто најголемо негативно влијание врз животната средина, поради тоа што повеќе од половина модни додатоци се фрлаат за помалку од една година од користењето.
Лорен Каурдеј е една од луѓето што престанале да купуваат нова облека. Каурдеј вели дека купувала две-три парчиња облека секој месец. Со текот на времето, нејзиниот плакар бил преполн и сфатила дека не треба да го прави тоа. Затоа почнала својата облека да ја купува во продавница каде што, наместо да ја купувате, можете да ја замените вашата облека. По истиот пат тргнала и Сара Фауел, која својата опсесивна потреба од купување облека ја заменила со купување и продажба на користена облека.

Во овие продавници дури има и ќеси направени од рециклирана пластика. Во Велика Британија постојат и продавници во кои можете да изнајмите облека. Поддржувачите на движењето исто така сметаат дека купувањето користена облека не е единственото решение и дека треба да се најде начин да се рециклира што повеќе облека.