Судан го исклучува мобилниот интернет за да спречи мамење на приемните испити

142

Суданските власти донеле одлука за прекинување на мобилниот интернет низ целата земја на три часа дневно, од 16 до 24 септември, за да се спречат студентите да мамат на универзитетските приемни испити кои се одржуваат во овој период, пренесуваат светските медиуми.

– Добивме наредби од властите во земјата да ја прекинеме услугата за интернет-податоци за мобилни телефони, додека кабелскиот интернет ќе работи нормално – објаснил изворот за „ТВ6 Њуз“, кој побарал анонимност.

Со одржување да биде оперативната кабелската врска, властите сакаат да покажат дека не влијаат на работата на банките, компаниите и на државните институции, додал изворот.

Причината за воведување на оваа мерка се должи на стравувањето на властите на Судан стравуваат да не се случи истото како пред три години, кога протекле некои прашања за приемните испити за универзитетите, по што Министерството за образование било принудено да ги повтори.

.Во согласност со директивите на судските органи, интернетот ќе биде прекинат за време на приемните испити на универзитетите во Судан од 8 до 11 по локално време, секој ден.