„Стихувалки“ вторпат во Скопје

54

Второто издание на фестивалот на поезија за деца „Стихувалки“ ќе се одржи денеска, во 18 часот, во „Салонот 19,19“ во КИЦ. Фестивалот од годинава е меѓународен, затоа што на конкурсот аплицираа автори од соседните држави што ги испратија своите поетски творби на својот мајчин јазик, со превод на македонски јазик.

– Минатата година се покажа, а се надеваме дека така ќе биде и оваа, дека со реализацијата на овој проект се овозможува промовирање млади, неоткриени или неафирмирани автори што создаваат поезија за децата од предучилишна и рана училишна возраст, како творечка продукција што е дефицитарна кај нас и создавање нова литературна продукција во областа на литературата за деца – информираат од КИЦ.

На фестивалот ќе учествуваат авторите: Ели Маказлиева, Христо Петревски, Кристина Николовска. Водителка е Александра Велинова.