Старица „уапсена“ во полициското шоу „Полицајци“

82

Една од најстрасните, но и највозарснa љубителкa на реалното шоу „Полицајци“, беше уапсена за нејзиниот 93-ти роденден.

За Симон Думон, која цел живот навива за момците во сино, местенката беше доживување што дефинитивно ѝ го направи животот поубав, коментираат нејзините најблиски. Идејата била на нејзините внуци, а продуцентите на шоуто со задоволство прифатиле да бидат дел од изненадувањето.

Како закоравена обожавателка на шоуто за полициски потери, Симон постојано повторувала дека полицијата ја заслужува сета наша почит, оти тие ги имаат најтешките задолженија и затоа била пресреќна кога полициската кола дошла да ја повози како да е вистински криминалец.