„Старбакс“ нема да користи сламки заради еколошки цели

23

Компанијата „Старбакс“ деновиве направи уште еден чекор кон решавање на глобалниот проблем со пластичниот отпад. Имено, без оглед на тоа дали ќе има голем ефект или не, овој голем синџир кафулиња во светот најави дека пластичните капачиња во САД ќе бидат без сламка во чашите во кои се послужува чај, ледено кафе и еспресо.
Новите капаци ќе можат да се рециклираат што им дава еколошка предност во однос на традиционалните пластични сламки, што луѓето ги користат со
десетлетија. Од компанијата тврдат и дека новите капаци користат 9 отсто помалку пластика.
Меѓутоа, оваа вест не е добра за сите. Имено, забраната за користење пластични сламки е загрижувачка, особено за лицата што се залагаат
за почитување на правата на лицата со посебни потреби, кои тврдат дека алтернативите за пластични сламки не се пријатни за луѓето со церебрална парализа, на пример.
Како и да е, ако сте љубител на понудата на „Старбакс“ и се грижите за околината, вашето ледено кафе отсега ќе биде посигурно за светот отколку досега.