Според њујоршките критичари „Ирецот“ е најдобар филм за годинава

62

„Ирецот“ на режисерот Мартин Скорсезе е прогласен за најдобар филм за 2019 година од Организацијата на њујоршките филмски критичари. Актерот Џо Пеши е најдобар спореден глумец за истиот филм.

Антонио Бандерас доби признание за најдобра главна машка улога во филмот „Болка и слава“, најдобра глумица е Лупита Њонго („Ние“), а најдобар режисер е Џош и Бени Сафди за филмот „Небрусени камења“.

Награда за најдобра споредна женска улога доби Лора Дерн за два филма: „Приказна за бракот“ и „Мали жени“. Најдобар филм од неанглиско говорно подрачје е „Паразит“, а најдобар прв филм: „Атлантик“.

Македонскиот документарен филм „Медена земја“ ја доби наградата за најдобар документарец.