„Спејс екс“ ќе гради одморалиште кај космодромот во Тексас

40

Селото Бока Чика е дом на ракетата „Старшип“, која ја разви компанијата „Спејс екс“, а новиот план е да се изгради одморалиште во близината на идниот космодром.
Основачот и извршен директор на „Спејс екс“, Елон Маск, сонува за град на Марс каде што би живееле милион луѓе. Но пред тоа, тој сака да изгради одморалиште во Тексас веднаш до планираниот космодром во селото Бока Чика во Тексас, каде што во моментов се тестира „Старшип“, ракетата наменета за мисијата на Марс.
Компанијата објави конкурс преку кој се бара талентиран менаџер што ќе го надгледува развојот на првото одморалиште на „Спејс екс“.

– Селото Бока Чика е местото на лансирање на „Старшип“, нашата ракета од новата генерација. „Спејс екс“ е посветена на развојот на овој град и неговата трансформација во космодромот на 21 век – се наведува во конкурсот.
Проектот сѐ уште е во рана фаза на развој, а одговорноста на менаџерот е да управува со дизајнот, да ги утврди трошоците и распоредите, како и добивањето на потребните дозволи, пишува „Ес-нет“.