„Спејс екс“ подготвува клучен чекор за развојот на комерцијални вселенски летови

140

Kомпанијата „Спејс eкс“ го подготвува првото лансирање на ракета што треба да ги транспортира астронаутите од Вселенскиот центар Кенеди во американската сојузна држава Флорида, до Интернационалната вселенска станица (ИСС), за 7 јануари в година, објави американската вселенска агенција (НАСА).

Лансирањето е клучнo за развојот на програма за комерцијални вселенски летови на НАСА, која сака да почне со испраќање на ракети со екипаж од САД, за првпат по речиси десет години.

Капсулата „Спејс екс кру драгон“ би требало да пренесе три астронаути во вселената со лансирање од истата лансирачка постројка од која „Аполо 11“ со тричлен екипаж полетал за Месечината во 1969 година.

НАСА уште не објавила план за патувањето, но најави дека пробниот лет ќе даде податоци за карактеристиките на „Фалкон 9“, капсулата „Кру драгон“, како и за системите на Земјата, за операцијата во орбитата, пристигнувањето од ИСС и приземјувањето.

НАСА за партнери за развој за нејзината програма ги избра „Спејс екс“ и „Боинг“, користејќи ги леталото и екипажот на „Кру драгон“ и ЦСТ-100 „Старлајнер“.

Од 2011 година со укинувањето на вселенската шатл-програма на САД, НАСА, се потпира на Русија во обидот да испрати астронаути на ИСС.

Иако „Спејс екс“ го планира лансирањето во јануари, портпаролката на НАСА, Мери Луиз, сепак, вели дека летот би можел да биде одложен, бидејќи „сигурноста е секогаш поважна од роковите”.

Извршниот директор на „Спејкс екс“ Илон Маск изјавува дека реализацијата на мисијата е предвидена во јуни 2019 година, доколку таа почне на 7 јануари.

И „Боинг“ планира слични пробни летови со вселенското летало  „Старлајнер“, за кој е планирано да биде испратен во вселената преку ракетата „Атлас 5“ во март, а екипажот во август, пишува хрватската новинска агенција Хина.