Со цедето „Кон исток“ сакаме да ја збогатиме македонската изворна музика

408
Фото: Маја Јаневска-Илиева

Бајса Арифовска и Душко Георгиевски со заеднички проект

 

Во рамките на „Скопско лето“, в среда, ќе биде промовирано цедето „Кон исток“, со десет изворни песни од источна Македонија, заедничко дело на Бајса Арифовска и Душко Георгиевски, во чија реализација учествуваа и музичарите: Емил Адамски, Златко Димитријоски, и Ратко Даутовски

Некои од десетте песни и инструментални нумери што ги одбраа Бајса и Душко ќе бидат вистинско изненадување за љубителите на овој вид музика, бидејќи досега не се јавно промовирани, иако од колено на колено се пееле во крајот каде што се создадени: Малешевијата, Овче Поле, Пиринскиот дел на Македонија. Промоцијата ќе биде збогатена со изведба во живо на неколку песни, во придружба на оркестар на народни инструменти.„Кон исток“ е насловено цедето со изворна македонска музика од источниот регион, заеднички проект на Бајса Арифовска и Душко Георгиевски, кое ќе биде промовирано в среда, 18 јули, во Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје, како дел од програмата на културната манифестација „Скопско лето 2018“.

Мултиинструменталистката Бајса Арифовска, која во моментот е асистентка во оркестарот на националниот ансамбл „Танец“, во студиото „Анастасија“ на Љупчо Павловски, каде што се снимаше „Кон исток“, свиреше на гајда, кавал, тамбура, бас-тамбура и тапан, а придонес со своја изведба даде и нејзиниот брат Емил Адамски, кој свири на кавал и гајда, Златко Димитријоски – тамбура и Ратко Даутовски на тапан. Познатиот пејач на народни песни Душко Георгиевски, долгогодишен соработник и пријател на Бајса, со својата интерпретација му даде свој печат на носачот на звук, трудејќи се убавите изворни песни да ги отпее онака како што тоа се правело порано, а новите аранжмани му даваат покомпактен звук на цедето, кое најверојатно ќе добие и свое продолжение, бидејќи уште многу песни останаа незабележани.

– Снимањето на цедето „Кон исток“, на кое се забележани 8 вокални и 2 инструментални композиции, беше повод за уште еден мој музички предизвик и професионална соработка со Душко Георгиевски. Првичната идеја беше да ја промовираме источната ризница на изворна музика. Сакавме од крајот од кој потекнуваме да го собереме она што не се собрало досега и да оставиме трага. Собравме многу изворни песни и мислам дека ќе има и втор дел на овој албум. Работевме со големо задоволство, чепкавме, истражувавме уште еднаш докажувајќи си и себеси и на другите дека за убавата песната нема граници. Некои од песните ги знаев од сопствената фонотека, некои други сум ги запаметила уште како дете, слушајќи како ги пеат моите во Берово, а имам и едно авторско дело, „Русинско соборско оро“. Голем впечаток ми остави убавата „Гуна болна лежи“,  со ритам 6/4 карактеристичен и прилагодлив на „Малешевско оро“, па „Ранила мома“, која потсетува на „Ратевско оро“, „Жени ме мамо“, која се пее во Малешевијата и во Пирин, но и во западниот дел на Македонија, а своевремено ја снимил и Александар Сариевски – ни рече Бајса Арифовска.

И Душко Георгиевски ни потврди дека реализацијата на проектот минала во извонредна, креативна атмосфера.
– Имаме непроценливо фолклорно богатство, а дел од него се најде и во овој проект, кој го реализиравме со помош на Министерството за култура, но вложивме и наши средства да дојдеме до финалето. Мене ми се допадна многу песната „Гуна болна лежи“, која своевремено ја отпеале Љупчо Дучевски и Михаил Белдеовски. Особено задоволство ми беше да ја возобновиме. Размислувавме за повеќе варијанти, како да ги снимиме песните, и на крајот одлучивме да биде исклучиво изворно, со авторска нота кон формата и со исклучиво изворни инструменти. Сакаме да го доловиме изворниот звук, како што се пеела песната некогаш со оригинална мелодиска линија. Не знам како ќе го прифати публиката овој мој излет, но се потрудив интерпретацијата да прозвучи изворно. Јас сум презадоволен, снимањето течеше убаво. Ова беше нов предизвик за мене, пеев онака како што чувствувам – вели Душко Георгиевски.

Работејќи на новиот материјал, Бајса добила информации за луѓе што имаат неоткриени песни во Делчевско, Овче Поле, повторно во Беровско…, па токму затоа повеќе од сигурна е дека цедето ќе има свој втор дел. И двајцата ја издвоија прекрасната песна „Гуна болна лежи“, која своевремено ја отпеале Љупчо Дучевски и Михаил Белдеовски од Малешевијата.

– Се надеваме дека, освен на промоцијата, материјалот преку концерти ќе го претставиме и во други градови во земјава, а зошто да не и пошироко. Ни недостига ваква музика, но се чини дека таа многу повеќе ги интересира странците отколку нас самите. Искрено, и работата на овој проект беше поттикната од Источноевропскиот фолклорен центар во САД – вели Бајса.
И нејзиниот колега Душко размислува слично во тој правец.

– За жал, странците имаат собрано повеќе материјали од нас Македонците, а музиката останува во колективна меморија на секој народ и се врежува во душата и срцето на луѓето. Во моментот кога сите нѐ негираат, со овие проекти докажуваме кои сме и што сме – вели тој.

А што се однесува до ангажманите за летово, Душко, кој неодамна ја сними новата песна „Рано е“ на Орце Гелевски, како и спот за неа, редовно има настапи во Скопје, низ Македонија, па и во Европа, а меѓу најбараните нумери е песната „Свири ми, виолино“ на авторот Горјан Стојановски, со која победи на „Валандово 2015“. Од скоро, дел до неговиот репертоар се и најубавите италијански песни, во придружба на Бајса Арифовска.
Инаку, тој работи како адвокат, но од музиката, како што вели, никогаш нема да се откаже.
Бајса, пак, ни откри дека летово, освен ангажманите со ансамблот „Танец“, ќе има и неколку концерти во Словенија, со познатите музичари Дамир Мазрек на перкусии и Кристијан Корат-џез пијано.


При­ја­те­ли и ко­ле­ги

Бај­са и Ду­шко, освен со­ра­бо­тка, ги вр­зу­ва и искре­но при­ја­телс­тво. Че­сто на­ста­пу­ва­ат за­ед­но и ве­лат де­ка пуб­ли­ка­та се­ко­гаш ре­а­ги­ра бур­но, би­деј­ќи, ка­ко што ве­лат, во му­зи­ка­та не­ма глу­ма.

Ги пра­шав­ме што мис­лат еден за друг.

– Мно­гу сум среќ­на, би­деј­ќи нај­дов од­ли­чен со­ра­бот­ник и при­ја­тел во Ду­ле, тој е мо­ја срод­на ду­ша. Мо­жам да се пот­прам на не­го. Се­ка­ко, од­ли­чен ин­тер­пре­та­тор е, знае да се кон­сул­ти­ра за мно­гу ра­бо­ти, скро­мен е, се да­ва не­се­бич­но во она што го ра­бо­ти. Знае да на­пра­ви комп­лет­на сли­ка од она што ќе го по­ба­рам во мо­мен­тот. Се до­пол­ну­ва­ме. А со из­вор­на­та му­зи­ка, мо­же­би јас го за­ра­зив. Имав до­вер­ба де­ка и из­вор­ни­те пес­ни ќе ги до­не­се баш она­ка ка­ко што тре­ба, ка­ко што по­ра­но се пе­е­ло – ни ре­че Бај­са.

А Ду­ле, пак, за неа ре­че де­ка е од­ли­чен со­ра­бот­ник, пре­кра­сен ка­ра­ктер, до­бар чо­век.

 – Таа е буц­ка­ло­то, по­сто­ја­но имa идеи за но­ви про­е­кти, ни­ко­гаш не ми­ру­ва. Знае да го изв­ле­че нај­до­бро од ме­не, а тоа се до­ка­жа и ко­га на на­ши­те за­ед­нич­ки кон­цер­ти со ром­ска му­зи­ка во не­кол­ку гра­да во зем­ја­ва, ја пра­шаа да­ли мо­же­би и јас сум Ром – ни откри Ду­шко.