Со распадот на првиот брак Маркл останала и без најдобрата пријателка

134
Меган Маркл беше во брак со холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон

Меган Маркл била студена и користољубива сопруга во нејзиниот прв брак со холивудскиот продуцент Тревор Енгелсон, тврди нејзината поранешна најдобра пријателка Нинаки Приди, пренесува „Дејли мејл“.

Приди која се дружела со Маркл од двегодишна возраст, вели дека нивното пријателството се распаднало по разводот на Маркл од Енгелсон во 2013 година, велејќи дека војвотката од Сасекс тогаш ја исклучила од својот живот.

Кога го запознала Енгелсон, Маркл изјавила дека покрај него би можела да си го исполни сонот. Меѓутоа, поради работата тие често биле разделени, а тоа доведувало до кавги, па Маркл излегла од бракот на сопствена иницијатива. Енгелсон, пак, прилично тешко ја поднел разделбата. Според зборовите на Приди, воопшто не му било сеедно, кога Маркл побарала да се разделат.

– Тоа повеќе не беше Меган која јас ја познавав – изјавила Приди за „Дејли стар“, додавајќи дека тоа бил моментот кој бил пресуден за прекинување на нивното пријателство.