Сопственик на ресторан ги „наоружал“ гостите со пиштоли на вода поради досадните галеби

1408

Лути на галебите кои им досадуваат на гостите, сопственикот и вработените во ресторан во австралискиот град Перт ги вооружале своите гости со пиштоли на вода, за да ги избркаат птиците.

Тоби Еванс, сопственик на ресторанот, рече дека галебите им претставуваат голем проблем бидејќи толку се агресивни, што ги бркаат гостите.

– Многу е лошо. Мислам дека ова е тој период од годината…Сега се сė подрски – рече Еванс за медиумите.

Галебите се собираат недалеку од ресторанот, барајќи остатоци од храна.

Еванс одлучи на секоја маса да остави по еден пиштол на вода, а гостите велат дека таа стратегија делува.

– Не моравме да фрламе по нив со нешто друго, ниту, пак, да бегаме од нив – рече еден гостин.