Сопруг на членка на Нобеловиот комитет предвреме ги откривал имињата на добитниците

707

Сопруг на членката на Нобеловиот комитет Катарине Фростенсон, во повеќе наврати ги откривал имињата на добитниците на престижната награда, вклучувајќи ја и онаа што во 2016 година што му беше доделена на Боб Дилан, објави шведскиот весник „Дагенс Најхетер”.

Жан-Клод Арно ги открил имињата на вкупно седум добитници од 1996 година досега.

Тој, меѓу другото, е обвинет и за сексуално вознемирување, а три члена на Нобеловиот комитет поднесоа оставки откако членството гласаше против исклучувањето на неговата сопруга од тоа тело.