Сопругата на Џон Траволта, Кели Престон, ја загуби битката со болеста

720
Џон Траволта и Кели Престон беа во брак 28 години

Кели Престон почина на 57-годишна возраст по битката со ракот на дојка во изминатите две години, пренесуваат светските медиуми. Престон ги остава зад себе нејзиниот сопруг, актерот Џон Траволта, нивната дваесетгодишната ќерка Ела и деветгодишниот син Бенџамин. Нивниот најстар син, 16-годишниот Џет, почина во 2009 година, по претрпен ненадеен напад на болест за време на семеен одмор на Бахамите за Божиќ.

Утрото на 12 јули, Кели Престон, обожувана сопруга и мајка, почина по двегодишна битка со рак на дојка. Нејзиното семејство бара ваше разбирање за нивната потреба за приватност – се вели во изјавата на претставник на семеејството објавена во магазинот „Пипл“.

Во септември 2019 година, Џон и Кели ја прославија 28-годишнината од брак. По тој повод во емотивна порака до својот сопруг објавена на социјалните мрежи, Кели напишала „На мојот најмил Џони, најубавиот човек што го познавам“.

Кели последен пат глумела во филмот „Готи“ во 2018 година како Викторија Готи, сопруга на мафијашкиот шеф Џон Готи, заедно со сопругот Траволта.