„Сони“ направи личен преносен клима-уред

213

Компанијата „Сони“ произведе личен преносен клима-уред, а неговата употреба е многу едноставна и ефикасна.
Овој необичен уред може да се користи рачно, но може и да се носи на специјално направена блуза, која има џеб во внатрешниот дел, кој се наоѓа во пределот кај грбот. Може да се поврзе преку блутут со паметен мобилен телефон, што му овозможува на корисникот да го контролира уредот, пишува порталот „Верџ“.

Меѓу другото, преку мобилниот телефон е можно да се приспособи температурата на уредот. Со едно полнење на батеријата, тој може да работи два-три часа. Траењето на батеријата зависи од поставките за работа нагодени од корисникот.
Од „Сони“ тврдат дека температурата на површината на телото овој уред може да ја намали за 13 Целзиусови степени – на пример од 36 на 23. Тежи само 80 грама и е речиси незабележлив кога се става под парче облека, а може да се носи и во џеб.