Сондата „Паркер“ ги расветлува мистериите на Сонцето

249
Илустрација од летот на сондата „Паркер“ кон Сонцето

Соларната сонда „Паркер“ на НАСА ги изненадува научниците со нејзиниот неверојатно близок поглед на Сонцето, пишува „Гласот на Америка“.

Научниците ги објавија првите резултати од вчершната мисија. Тие набљудувале пукнатини на енергетски честички, кои никогаш порано не биле забележани на толку мал обем.

– Тие се истакнуваат и тешко е да не се помисли дека тие се важни на некој начин – рече Стјуарт Бејл од Универзитетот „Беркли“ во Калифорнија, кој беше дел од тимот.

Истражувачите велат дека конечно имаат доказ за зона без прашина што го обиколува Сонцето.

– Не можам да кажам дека не се грижиме за вселенското летало, затоа што минува низ простори коишто никој досега не ги посетил – истакна Никол Фокс од НАСА.

Лансирана во 2018 година, „Паркер“ се приближи на 25 милиони километри од Сонцето, а во следните шест години се очекува да се приближи на шест милиони километри. Целта на мисијата е да расветли некои мистерии поврзани со Сонцето.

„Паркер“ ќе помине покрај Венера на 26 декември, а во јануари ќе ја има четвртата блиска средба со Сонцето.

– Кога „Паркер“ ќе биде уште поблиску до својата цел, Сонцето ќе минува низ активна фаза и со тоа наскоро може да очекуваме уште повозбудливи резултати – напиша Даниел Вершарен од Универзитетскиот колеџ во Лондон во придружен едиторијал.

Соларната сонда „Паркер“ е првото вселенско летало на НАСА именувано по личност која е сѐ уште жива. Сондата беше лансирана минатата година од центарот Кејп Канаверал.