Сомнителниот моден вкус на Коачела

2350

Илјадници љубители на музиката секоја година го посетуваат познатиот фестивал Коачела во Калифорнија, кој претставува и своевидна модна писта препознатлива по дискутабилниот избор на облека на тамошните посетители.

Коачела е еден од најпрофитабилните светски фестивали, каде што настапуваат најпознатите светски музички ѕвезди, но и музичари во подем, со што секое издание соборува рекорди во посетеноста, како и во заработката. Минатата година, Коачела ја посетија 250 илјади луѓе, а фестивалот оствари приход од 114 милиони долари.

Изминатиот викенд на Коачела помина во знакот на настапот на Бијонсе, а не изостанаа ниту разновидните комбинации на облека на публиката.