Снимањето на „Фантастични ѕверови 3“ продолжува

17

Актерот Еди Редмејн потврди дека снимањето на третиот филм од серијалот „Фантастични ѕверови“, приказна што го проширува и збогатува светот на Хари Потер, ќе продолжи наскоро.
Продукцијата на третото продолжение доцнеше на самиот почеток во 2019 година, бидејќи најновиот филм е поголем од последните два филма заедно, па затоа продуцентите не сакале да брзаат.
Ова го тврди актерот Ден Фоглер, кој го игра Џејкоб Ковалски во популарната франшиза „Хари Потер“. Тој откри дека снимањето ќе продолжи оваа есен.