Слетувањето на Месечината е тешко 28 милијарди долари

196

Американската вселенска асоцијација (НАСА) формално ја претстави 28 милијарди долари тешката програма „Артемис“, со која се предвидува враќање на човекот на Месечината најдоцна до 2024 година. Со враќањето на Месечината, Белата куќа се надева дека САД повторно ќе ја вратат водечката позиција во вселената. Но за да се оствари планот, американскиот Конгрес мора брзо да алоцира 3,2 милијарди долари за конструкција за слетување на површината на сателитот. Засега НАСА добила само 600 милиони долари, пренесува „Би-би-си“. Според програмата „Артемис“, астронаути би требало да патуваат до Месечината во капсулата „Орион“, која во вселената би се лансирана преку новата моќна ракета СЛС (Спејс ланч систем).
Овие 28 милијарди долари се за финансирање на програмата „Артемис“ во наредните четири години, според која на крајот астронаутите би требало да слетаат на Месечината. Се работи за финансирање на СЛС и на „Орион“, како и за дизајнирање нови вселенски костуми.

– Од критична важност е за наредната година прво да добиеме 3,2 милијарди долари, неопходни за конструкција на составот за слетување – вели првиот човек на НАСА, Јум Бриденстајн.
Уште претходната година Бриденстајн откри дека на новото патување на Месечината прва ќе зачекори жена, астронаутка со искуство, која веќе била на Меѓународната вселенска станица. Сега, според овие услови, за мисијата на Месечината се квалификувани 12 активни астронаутки. Важно е тимот за програмата „Артемис“ да се формира што е можно побрзо, најдоцна две години пред мисијата. Тоа ќе им послужи на луѓето како извор на мотивација и инспирација.
Со враќањето на Месечината, Белата куќа се надева дека повторно ќе ја врати водечката позиција на САД во вселената, а во план е и експлоатација на природните ресурси на јужниот пол на Месечината. Новиот документ за програмата „Артемис“, кој го објави НАСА, открива дека планот ќе се одвива во три фази.

Во првата фаза, во текот на есента 2021, капсулата „Орион“ без екипаж би се пратила на пробен лет околу Месечината. Тестирањето би требало да трае околу еден месец, додека НАСА не се увери дека сите системи работат како што е замислено. Потоа, во втората фаза, „Орион“ би требало повторно да се упати кон Месечината, но овој пат со астронаутите во капсулата. Во оваа фаза, астронаутите ќе тестираат одвојување и приближување на „Орион“ од горниот дел на ракетата СЛС. И конечно, во 2024 година, мисијата „Артемис“ би требала да биде првата што, по 48 година и астронаути на „Аполо 17“, ќе се врати на површината на Месечината. НАСА веќе проследи 967 милиони долари кон неколку компании што би требало да дизајнираат модул костим, со кој астронаутите би требало да слетаат на Месечината.
Кон крајот на деценијата, НАСА планира на Месечината да постави и постојана база за престој на луѓе, која би вклучила и инфраструктура потребна за експлоатација на Месечината.