Скопскиот концерт на „Ту челос“ одложен за 19 октомври

61

Скопскиот концерт на една од светски музички атракции, „Ту челос“, наместо на 6-ти, ќе се одржи на 19-ти октомври, на истата локација, СРЦ „Борис Трајковски“, инофрмираат од „Авалон“ продукција.

– Причината за промената на датумот е од логистички тип, а поради концертот на „Тексас“ на 28 септември и закажаниот референдум на 30 септември, ние со задоволство ја прифативме оваа понуда концертот да биде подоцна во октомври, од првичниот датум – велат од „Авалон“.

Истовремено, ги известуваат сите со купени влезници сите што досега имаат купено карти до 3-ти септември да си ги заменат на продажните места од каде што ги купиле билетите и ќе ги добијат истите седишта за новиот датум, 19-ти октомври.

Од 3 септември, сите слободни билети за трибините ќе бидат пуштени во продажба.