Скалите од филмот „Џокер“ – туристичка атракција во Њујорк

285

Филмот „Џокер“ предизвика големо внимание во јавноста, а по неговото премиерно прикажување во светот, голем број обожаватели сакаат да направат фотографија на скалите во Њујорк, на кои Хоакин Феникс танцувал облечен како кловн.
Скалите се наоѓаат во Бронкс и досега не го привлекуваа вниманието на јавноста, но деновиве во кој било период од денот тука можете да најдете обожаватели на Џокер што ги имитираат неговите пози и се сликаат.

Некои одат толку далеку што го облекуваат и неговиот костим што го носел во филмот, го шминкаат лицето и ја бојат косата, снимката да биде поуверлива.
„Скалите на Џокер“ веќе имаат над илјада објави на Инстаграм, а луѓето што живеат во зградите пред нив не се задоволни од оваа посетеност. Напротив, тие се надеваат дека целата џокерманија наскоро ќе заврши, бидејќи многубројните обожаватели им пречат.

А што се однесува до филмот, тој досега заработи 737 милиони долари, а се очекува цифрата да стигне до 900 милиони долари.