Сите филмови на Бонд!

41

Сите филмови за славниот агент 007 се дел од програмата на Ејч-би-о гоу, а во наредните месеци ќе бидат емитувани и на каналите Ејч-би-о и Синемакс. Џејмс Бонд, јунакот од романите на Ијан Флеминг, првпат им беше претставен на гледачите во 1962 година, во филмот „Доктор Но“, со Шон Конери во главната улога, кој успеа на агентот да му даде неодолив шарм, кој трае и денес. Потоа, Конери се појави уште во пет продолженија: „Од Русија со љубов“, „Голдфингер“, „Операцијата Гром“, „Се живее само двапати“ и „Дијамантите се вечни“, како и во неофицијалната продукција на „Никогаш не вели никогаш“. Помеѓу последните два филма го замени актерот Џорџ Лејзенби, во хитот „Во тајна служба на Нејзиното Величество“. Лејзенби, со наполнети 30 години, е најмладиот Џејмс Бонд во историјата. Во оваа збирка филмови ќе биде достапна и пародијата „Казино Ројал (1967)“, снимена според првата книга на Флеминг.

Британскиот актер Роџер Мур ја презел улогата во 1973 година и настапувал во седум филма: „Живеј и остави ги другите да умрат“, „Човекот со златен пиштол“, „Шпионот што ме сакаше“, „Операција Вселена“, „Само за твоите очи“, „Октопуси“ и „Поглед на убиство“.
Кон крајот на 1980-тите, Тимоти Далтон ја презеде улогата во два филма, кои ја покажаа и понежната страна на агентот 007 – „Здивот на смртта“ и „Дозвола за убиство“.
Пирс Броснан првпат го гледавме во улогата на Џејмс Бонд во 1995 година, во филмот „Златно око“. Освен во овој филм, Броснан успеа да ги спои елеганцијата на Шон Конери и харизмата на Роџер Мур уште во три филма, кои во текот на 1990-тите станаа холивудски класици: „Утрешнината никогаш не умира“, „Светот не е доволен“ и „Умри некој друг ден“.

По пауза од четири години, Даниел Крејг е актерот што го оживеа серијалот со филмот „Казино Ројал (2006)“, кој се смета за еден од најдобрите филмови за Џејмс Бонд во историјата. Во следните три филма во кои настапуваше, „Зрно утеха“, „Скајфол“ и „Спектра“, ги гледаме човечноста и маните на Бонд, со што гледаме друг пристап до славниот лик, на кој обожавателите не се навикнати. Најновиот филм од франшизата, со наслов „Нема време за умирање“, ќе биде и последно појавување на Крејг во улогата на агентот 007, а премиерата е закажана за април 2021 година.