Синот на Роберт Редфорд почина од рак

1146

Џејмс Редфорд, синот на Роберт Редфорд, почина на 58-годишна возраст во саботата од рак.

– Роберт Редфорд е во жалост, неговиот син Џејмс почина во сабота, 17 октомври. Ние сме скршени. Тој живееше прекрасен и значаен живот и беше сакан од сите. Многу ќе ни недостасува – објави Кајли сопруга на Џејмс на Твитер, пренесува „Холивуд тајмс“

Непрофитната организација „Фондацијата за спречување на рак на пожарникарите во Сан Франциско“ објавила: „Пожарникарите изгубија уште еден голем сојузник… Џејмс Џејми Редфорд нè напушти “.

Џејмс Редфорд соработувал со „Фондацијата за спречување на рак на пожарникарите во Сан Франциско“ за време на снимањето на документарец за пожарникари, на кој работел заедно со продуцентот Кирби Вокер.

Документарниот филм станувало збор за употребата на канцерогени забавувачи на пламенот и ефектите врз зголемената стапка на заболени од рак кај пожарникарите.

Фондацијата на пожарникарите објавила: Крајно е иронично што минатата година го изгубивме Кирби а сега и Џејми и тоа од рак.

Таа исто така се обраќа до семејството: „Џејми го нема, но неговото наследство ќе живее во големите дела што ги создаде. Нека почива во мир и семејството Редфорд нека пронајде мир. ”

Роберт Редфорд сè уште не ја коментирал смртта на својот син. Џејмс е син на Роберт од бракот со Лола ван Вагеннен, со кого тој бил во брак од 1958 до 1985 година.

Џејмс Редфорд ги остава сопругата Кајл и двете деца Дилан и Лена.