Се чувствувате ли како Алиса во земјата на чудата?

55

Според експертите, секоја четврта личност страда од некакво ментално или невролошко нарушување. Некои од овие нарушувања се добро познати, а други се толку ретки и посебни што е тешко дури и професионалците да ги идентификуваат.

Синдромот Алиса во земјата на чудата
Оваа состојба е позната и како синдром Тод и е состојба на дезориентација, која ја поттикнува перцепцијата на една личност така што некои предмети се појавуваат помали, а некои поголеми отколку што се, исто како и искуството на Алиса од познатата приказна на Луис Керол. Пациентите со ваков синдром обично се помлади луѓе, во дваесеттите години, кои страдаат од тумори на мозокот, силни мигрени или се во почетна фаза на Епштајн-Баровиот вирус. Тие прво почнуваат да забележуваат изобличување во големината или бојата во нивната околина, гледајќи предмети поголеми или помали отколку што се навистина, вклучувајќи го и сопственото тело. Понекогаш мешаат бои и се чувствуваат дезориентирано. Оваа состојба е ретка и привремена, така што може да запре за некое време.

Имагинарно нарушување
Повеќето од нас не сакаат да се разболат, да одат во болница и да легнат во болнички кревет. Сепак, тоа не важи за луѓето со ова нарушување. Поточно, тие се оптоварени со тоа дека се болни. Ова може да биде предизвикано од траума од минатото, злоупотреба или занемарување во детството или некоја сериозна болест. Истражувањата покажале дека околу еден процент од светската популација страда од ова нарушување, кое, иако нема лек, може да се лекува со психотерапија. Луѓето со вакво нарушување намерно се разболуваат. Тие постојано одат во посета на лекар и бараат лекување во болница или преку пропишани лекови. Ваквите пациенти честопати измислуваат приказни што вклучуваат постојани симптоми што ќе им помогнат да одат од лекар на лекар. Тие притоа имаат одлично познавање на медицинската терминологија.

Синдром на туѓа рака
Ова е ретка ментална болест, кога пациентот целосно ја губи контролата врз своите раце или кој било екстремитет. Не постои лек за ова и пациентот обично мора да ја користи својата друга рака за да ја контролира онаа со која има проблем. Може да се појави по операција на синдромот на раздвоен мозок, аневризма, тумор на мозок или мозочен удар. Раката или друг екстремитет одеднаш се чини како да има свој ум, се движи како што сака, па дури и понекогаш станува насилна кон пациентот, обидувајќи се да го зграби за вратот, да го изгребе и да му ја соблече облеката. Пациентите со вакво нарушување се чувствуваат одвоено од своите раце или екстремитети до таква мера што може да предизвика да бидат повредени.

Синдромот Стендал
Стендаловиот синдром претставува привремена епизода што се јавува кај луѓе што се изложени на гледање голем број уметнички дела во сликарството, архитектурата, како и други средини што се карактеризираат со неверојатна убавина. Овој синдром е именуван по францускиот автор што опишал едно такво искуство во делото, кое го опишува неговото патување во Фиренца во 1817 година.

Синдромот на Котард
Во медицината постои нешто што се нарекува синдром на Котард, а луѓето што страдаат од овој синдром мислат дека се веќе мртви. Ова е веројатно најстрашниот синдром на списокот, предизвикува пациентот да мисли дека е труп што се движи или дух. Научниците веруваат дека ова може да биде предизвикано од повреда на одредени делови на мозокот. За среќа, ова е доста ретка болест. Синдром на Котард беше именуван по францускиот невролог Котард, кој во 1882 година пишувал за пациенти што, покрај изгубениот имот и социјалниот статус, сметале дека изгубиле и внатрешни органи (срце, црева, крв, мозок). Откако почнуваат да веруваат дека се мртви, тие престануваат да јадат и пијат, затоа што веруваат дека не им требаат никакви хранливи состојки.