Се подготвува јубилејното издание на „Охридски трубадури“

170
Владо Калембер

На 25-от меѓународен музички фестивал „Охрид фест – Охридски трубадури“, кој ќе се одржи од 6 до 8 септември, е најавено учество на над 70 пејачи. Покрај македонските фолк и поп-ѕвезди, на фестивалот ќе настапат и познати пејачки имиња од балканските земји: Карлос (Бугарија), Жак Худек, Владо Калембер (Хрватска), Елизабет Христоу (Грција), Ален Исламовиќ (БИХ), групата „Балканика“ (Србија), Мерима Његомир (Србија)…

На фолк-вечерта ќе настапат: Благица Павловска, „Скопски боеми“, Петар Нечовски, Нино Величковски, Милица Кузмановска, Милован Секуловски, „Молика“, Зоран Христов…, а на поп-вечерта: Даниел Кајмаковски, Огнен Здравковски, Пепа, Денис Димовски, Лена, Ѓоко Ѓорчев, Жармена….
Годинава „Охридски трубадури“ ќе ги пренесуваат во живо повеќе странски телевизии, како Балканика, Бел ами, Коперникус, ТВ З1, CMC, Хајат, Визион плус, ТРТ, ТВ Шансона и ИНТВ.