Се откажува фестивалот „Егзит“

94

Фестивалот „Егзит“ нема да се одржи од 13 до 16 август како што беше претходно најавено, туку ќе објави нова промена на датумот до крајот на месецот.

Како што објави телевизијата Н1, организаторите на фестивалот изјавиле дека одбележувањето на 20-годишнината од „Егзит“ се поместува поради здравствената состојба во Србија.

Тие додадоа дека наскоро ќе ја известат јавноста за рефундација на средствата на оние кои не сакаат да го задржат билетот за следното фестивалско издание.