Серијата „Чернобил“ драстично го зголеми бројот на туристи кои сакаат да ја видат електраната

100

Успехот на американската телевизиска минисерија во која се зборува за најголемата светска нуклеарна катастрофа во Чернобил, го зголеми бројот на туристи кои сакаат да ја посетат електраната, но и градот на духови во близина на електраната, пишува агенцијата „Ројтерс“.

Една чернобилска туристичка агенција бележи пораст од 40 проценти во резервациите од почетокот на серијата, чиeшто емитување почна во мај и наиде на позитивни критики во јавноста.

Минисеријата прикажува што се случило по експлозијата, операцијата за чистење на подрачјето и истрагата за несреќата.