Светлосна инсталација ги менува боите според топлината на телото

62

Дизајнирана од „Леувеб проекти“, „Термички кажано“ претставува светлосна инсталација што ја претставува топлината на телото на посетителите во променлива завеса од светлина и боја. Проектот користи термографија и инфрацрвени мерни инструменти за да ја открие и да ја пренесе телесната топлина во тродимензионалниот простор преку искуствено осветлување.

Оваа инсталација е поставена во „Форт јорк“ во Торонто, обезбедувајќи поглед во иднината на читањето на телесната температура, креативните визуализирања на податоците и полињата за надзор. Инсталација „Термички кажаното“ е начин да се открие телесната топлина на посетителите во тродимензионален простор преку осветлување. Уметничкиот проект ја поканува публиката да се движи низ, над и околу рампата на центарот за посетители.

Светлосната инсталација ги користи термографијата и инфрацрвените мерни инструменти за да ги открие различните телесни температури на оние што поминуваат покрај неа. Топлинските фотоапарати ја читаат и ја пренесуваат топлинската енергија на посетителите во променлива светлосна завеса, анимирајќи ги стаклените фасади на каналот на постојната зграда.